FAQ

1.

Кога во дадена географска зона има или ќе има во блиска иднина најмалку две мрежи на основен широкопојасен интернет од различни оператори, и широкопојасните услуги ќе бидат обезбедени под конкурентски услови (конкуренција базирана на инфраструктура), може да се претпостави дека не постои неуспех на пазарот. Доколку само една инфраструктура е присутна, дури и ако оваа инфраструктура се користи –преку LLU -  од страна на повеќе електронско-комуникациски оператори, таквата област треба да се смета за конкурентна сива област. Таа област не се смета како ‘црна област’ според значењето на ЕУ Упатството

2.

‘Сиви области’ се области каде еден мрежен оператор е присутен и друга мрежа е малку веројатно дека ќе биде развиена во блиска иднина. Истата компанија може да работи одделно на фиксна и мобилна мрежа во самата област но тоа нема да ја смени бојата на таа област. Конкурентната ситуација треба  да се оцени според според бројот на постоецки  ифраструктурни оператори.

3.

‘Бели области’ се области каде не постои инфраструктура за широкопојасен интернет и е малку веројатно дека ќе биде развиена во блиска иднина. Целите на комисијата за ДАЕ се стремат кон целосна покриеност со основен широкопојасен интернет во ЕУ до 2013 година и со најмалку 30Mbps до 2020 година.

4.

Супербрзиот широкопојасен инернет е мрежа базирана на оптички влакна која може да пренесува големи број на податоци понатаму и побрзо споредено со бакарните мрежи која е традиционалниот доставувач на услуги. Со користење на супербрза широкопојасна интернет конекција ќе биде овозможено да се испорача висока брзина на податоци која ќе може да ги поддржи услугите како што е интернет телевизјата и видео конференциите во HD.

Супербрзите широкопојасни мрежи се во можност да пренесат онлајн услуги со ултра-висока стапка на брзина од над 100Mbps.

5.

НГА (Next-Generation) мрежата се состои целосно од оптички елемент кој е способен за воспоставување широкопојасен интернет пристап со променливи карактеристики (како повисока пропусност) споредено со оние обезбедени од страна на постоечките бакарни мрежи. НГА сервисот може да обезбеди сообраќај со над 30 Mbps и со тоа да ги исполни целите за покриеност со широкопојасен интернет.

НГА мрежите може да биде поставени со користење на различни технологии и мрежни архитектури кои ќе ја утврдат максималната брзина со која ќе се пренесуваат податоците. НГА  мрежната архитектура моментално вклучува:

- Оптика до кабинет (Fibre-to-the-cabinet) која ја користи Дигиталната претплатничката јамка (Digital Subscriber Loop technology) преку бакарни конекции до крајните корисници или безжичниот широкопојасен интернет

- Оптика до домовипростории (Fibre-to-the-Home/Premises) користејки оптичко влакно од точка до точка                                                                                                                                                                                                                                                                                 - Оптика до домовипростории која користи пасивна оптичка мрежа (PON)

6.

Според Дигиталната Агенда за Европа (ДАЕ 2020) до 2020 година сите Европјани треба да имаа пристап до интернет со најмалку 30 мега бити во секунда, и 50% или повеќе од Европските домаќинства или претплатници да имаат 100 мега бити во секунда.

ДАЕ2020 не е само за штиклирање предмети од долга листа. ДАЕ2020 е за користење на технологија со цел да се направи вистинска разлика. Се состои од 13 специфични цели кои вклучуваат:

- целата ЕУ треба да биде покриена со широкопојасна интернет мрежа до 2013 година

- целата ЕУ да биде покриена со широкопојасна интернет мрежа со над 30 мега бити во секунда до 2020 година

- 50% од ЕУ да се претплати на широкопојасна интернет мрежа со над 100 мега бити во секунда до 2020 година

- 50% од ЕУ популацијата да купува онлајн до 2015 година

- 20% од популацијата да купува онлајн прекугранично до 2015 година

- 33% од МСП да користат онлајн продажба до 2015 година

- разликата помеѓу роамингот и националниот соообракај да биде нула до 2015

- да се зголеми регуларното користење на интернет од 60% на 75% до 2015, и од 41% на 60% помеѓу обесправените луѓе

- да се преполови популацијата која не користи интернетод 30% на 15% до 2015 година

- 50% од граѓаните да ја користат Е-влада до 2015 година, со повеќе од половина кои користат повратни комплетни е-форми

- сите клучни прекугранични јавни услуги договорени од страна на Земјите членки во 2011 година да бидат овозможени онлајн во 2015 година

- да се удвојат јавните инвестиции во истражување и развој на ИКТ на 11 милијарди до 2020 година

- да се намали користењето на енергија за осветлување на 20% до 2015 година

7.

Широкопојасниот интернет има многу клучни карактеристики кои можат да го направат користењето на интернетот повеќе релаксирачко, пријатно и корисно. Со забрзување на она што го правите на интернет, може да направите вистинска разлика во вашето секојдневје, било да е тоа дома или на работното место.

Конекцијата на интернет е многу побрза од конвенционалните dial-up конекции. Услугата од 1Mb може да праќа и прима информации до 20 пати побрзо од Dial-up конекцијата. Големи количини на податоци може да се пренесат - со широкоопсежноста која широкопојасниот интернет може да ја понуди, големи количини на податоци може да бидат испратени и примени преку вашиот компјутер со голема брзина. Вашиот интернет е секогаш уклучен, што значи дека не мора да се расправате со бирање или конектирање секој пат кога ќе сакате да пристапите на интернет. Вашата телефонска линија не е зафатена, па можете да телефонирате од вашиот фиксната линија додека сте поврзани на интернет. Нема потреба да го исклучите интернетот кога ќе сакате да се направите телефонски повик. Нема изненадување во сметките со оглед на тоа што провајдерите на широкопојасен интернет обично наплаќаат стандарден месечен надомест во зависност од пакет кој ќе се земе. Ова значи дека можете да плаќате за неограничен интернет пристап, односно да не ви го наплаќаат времето кое го минувате во сурфање на интернет. Со оглед на тоа што веб-сајтови се симнуваат речиси веднаш, можете да уживате во комплексни веб страници со детални графика без да чекате да се вчитаат. Може да симнете музика и видео клипови и да избегнете редици во продавници со купување на музика и видео клипови на интернет.

Преземања може да се направат на интернет со голема брзина, дури и немате потреба да го напуштите вашиот дом. Преку размена на инстант пораки или онлајн интерактивни игри ќе може да комуницирате во реално време со пријателите и семејството од целиот свет.

Брзините кои што широкопојасниот интернет може да ги понуди и зголемениот обем на пренос на податоци може да се искористат за да се олесни водењето бизнис; да биде побрзо, ефикасно и продуктивно.

Други придобивки во сродни сектори:

ОБРАЗОВАНИЕ: воведување динамични ресурси во училниците кои овозможуваат лесна комуникација и партнерството помеѓу наставниците, учениците и родителите.

ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА: создавање заеднички услуги кои ги намалуваат оперативните трошоци и им обезбедуваат на пациентите поширок спектар на дополнителни услуги, вклучувајќи далечинска дијагностика, администрација, планирање и електронска евиденција на пациентот.

ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ и ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА - брзо поврзување на одговорните тимови со виталните информации ја подобрува координираната, навремена реакција на несреќи и катастрофи. Згора на тоа, граѓаните ќе добијат пристап до информации и алатки кои им се потребни за да донесуваат одлуки и да бараат поддршка.

ГРАЃАНИ И СОЦИЈАЛНИ СЕРВИСИ: онлајн услугите ја подобруваат покриеноста и квалитетот на услугата, заштедуваат драгоцено време и јавни пари со истовремено подобрување на целокупната ефикасност преку услуги како што се паметни мрежни технологии и платформи за комуницирање и соработување.

ЕКОНОМСКИ И РАЗВОЈ НА РАБОТНА СИЛА: - подобрување на продуктивноста и конкурентноста. Преку широкопојасниот интернет нови деловни практики и модели можат да бидат усвоени за зголемување на приходите, намалување на трошоците и подобрување на услуги до клиентите.  Да се биде присутен онлајн им овозможува на бизнисите да работат било каде и да услужат клиентите насекаде.

РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ: привлекување и задржување на иновативни бизниси, овозможувајќи и на локалната економија да стане поразновидна и отпорна на економски шокови, како и обезбедување на добро платени, високо-квалитетни работни места.

8.

Широкопојасен интернет во моментов претежно се пренесува до корисниците преку бакар (на пример, телефон) или коаксијални мрежи (на пр. кабеловска телевизија) и / или безжични пристапни мрежи, како што се 3G мобилните комуникации или фиксниот безжичен пристап. Брзината на понудата варира во голема мера, но обично преземените брзини изнесуваат повеќе од 2 Mbps и upload брзини со над 256 kbps.

Надвор од областите каде провајдерите на широкопојасен интернет се соочуваат конкуренција во делот на инфраструктура, операторите не се подготвени да се движат надвор од нивните основани АДСЛ бизнис.

9.

Широкопојасен интернет се дефинира како конекција со висок пропусен опсег за поврзување на интернет и / или други богати содржини или услуги. Широкопојасниот интернет е полесен и побрз за користење во однос на интернетот преку традиционалните телефонски и модем линии поради тоа што информациите може да бидат испратени и преземени многу побрзо. Терминот претставува квантитет, квалитет и брзина на комуникација, на информациите добиени на локално и на глобално ниво, на моменталните минимални барање за било која заедница,  како и на почетната точка за идниот развој.

Широкопојасниот интернет е релативен термин кој е разбран во зависност од контекстот. Колку е поширок пропусниот опсег на каналот, толку е поголем капацитетот за пренос на информации. Во зависност од земјата, се чини дека постои општ договор дека капацитетите под 128 kbps (или 256 килобајти во секунда во некои држави) не се смета за широкопојасен интернет.

Телефонска линија, кабловска или сателитска може да овозможат начин за широкопојасна конекција. Тоа вклучува големи број на информации пренесени со голема брзина до вашиот компјутер. Ова овозможува веб страните, текстот, графиката, музиката и видео клиповите да се доживеат во реално време.

Карактеристики на широкопојасниот интернет:

- поврзување со интернет е секогаш уклучено (овозможува постојан пристап до интернет и нема потреба да dial up)

- телефонска линија не е засегната

- стандардна месечна претплата за неограничен пристап на интернет

- содржини од интернет може да се симнат многу брзо

- интернет услуги кои може да се добиваат непрекинато во реално време

10.

Дефинирањето на бизнис модел врз кој е најсоодветно да се изгради јавно-приватно партнерство не е воопшто лесна задача. Општо земено, добра пракса е да не се наметне модел пред да се консултира со експерти и / или потенцијални приватни партнери.

Повеќето решенија се ЈПП / технологија / специфични случаи, но постојат некои прашања кои мора да се земат во предвид во секој случај:

- намалување на ризикот

- проекти  кои генерираат профит

- правила за државна помош

- самоодржливост на бизнис модел

- достапност на пред-проценка

- распределба на ризикот и управување со пред

- проценката

- профитабилност

- пред-проценка на бизнис моделот

- пред-проценка на вредност за парите

- механизам за поврат

- економии од обем и групирање на проектот

- комерцијализација на потенцијалот

- потенцијал на пазарот

- капацитет на преземање долгорочни обврски

11.

Како што е утврдено со прописите на ЕУ за концесија и јавно-приватно партнерство, нацрт договорот за ЈПП треба да ги содржи најмалку следниве теми:

- правата и обврските на страните;

- распределба на ризикот (ова најчесто се постигнува преку организирање настани преку кои се дава на ЈПП компанијата право на некаков вид надомест);

- стандарди и цели за извршување на услугата кои треба да бидат објективни и мерливи;

- постапката за дозволени модификации како и нивниот обем и природ;

- механизми за плаќање (на пример, тарифи, субвенции, донации) и прилагодување на плаќањето во однос на разни непредвидени работи;

- казни (и можни бонуси) кои имаат финансиски последици или може да доведе до предупредување (евентуално да доведат до раскинување на договорот за ЈПП);

- обврска за безбедност и ефикасност;

- осигурување на проектот;

- предмет на договорот за ЈПП;

- условите за престанок (категоризирани во однос на страна и вид на настан) и надоместок по завршување (за секој вид);

- право на пристап (и за кредиторите и во итни ситуации, за Државниот орган);

- дефинирање според законот, и влијание на виша сила и измени во законот;

- постапка за решавање на спорови;

- други права, обврски и одговорности на страните/партнерите.

Договорот за ЈПП треба да ги содржи најмалку следните прилози кои се однесуваат на:

- Стандарди на услугите

- Табела на распределба на ризикот

- Гаранција за извршување на договорот

- Гаранција на матичната компанија за посебна намена на возилото

- Финансиски модел

12.

ОТВОРЕНА ПОСТАПКА

ОГРАНИЧЕНА ПОСТАПКА

ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ

КОНКУРЕНТЕН ДИЈАЛОГ

МОЖНОСТ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ПОНУДУВАЧИ

Забранета е претквалификација или избор на оператор. Секоја заинтересирана компанија може да наддава.

Бројот на понудувачи може да биде ограничен на не помалку од пет во согласност со критериумите наведени во огласот за доделување на договорот (претквалификација и потесен избор е дозволено).

Бројот на понудувачи може да биде ограничен на не помалку од три во согласност со критериумите наведени во огласот за доделување на договорот (претквалификација и потесен избор е дозволено).

Бројот на понудувачи може да биде ограничен на не помалку од три во согласност со критериумите наведени во огласот за доделување на договорот (претквалификација и потесен избор е дозволено).

ДИСКУСИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРОЕКТОТ

Спецификациите може да не се променат за време на процесот на наддавање, и нема да има преговори или дијалог помеѓу понудувачите. Појаснувањето е дозволено.

Спецификациите може да не се променат за време на процесот на наддавање, и нема да има преговори или дијалог помеѓу понудувачите. Појаснувањето е дозволено.

Преговори се дозволени за време на процесот. Последователни фази може да се искористат за да се намали бројот на понудувачи (понатаму со потесен избор).

Дијалог со понудувачите е дозволен од секој аспект (слично како кај Постапката за преговарање, со вклучен потесен избор). Кога дијалогот е завршен, крајни понуди мора да бидат побарани кои ќе се базираат на решението презентирано во фазата на самиот дијалог.

ДИСКУСИЈА ПО ПРИМАЊЕ НА ПОСЛЕДНАТА ПОНУДА

Нема простор за преговори со понудувачите по доставување на понудите.

Нема простор за преговори со понудувачите по доставување на понудите.

Не е од важност порадит тоа што преговорите ќе продолжат се додека не се постигне договор. “Последна понуда” не е потребна.

Дозволено е само да се појасни, нагоди или истакне понуда. Промени не се дозволени на основните карактеристики.

ОСНОВА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

Најниска цена или тендер со најголеми економски придобивки.

Најниска цена или тендер со најголеми економски придобивки.

Најниска цена или тендер со најголеми економски придобивки.

Тендер со најголеми економски придобивки.

13.

Предлогот за проектот треба да биде оправдан со детална анализа на потребите, како и со аргументи за соодветноста на избраниот ЈПП пристап. Ова најчесто се нарекува Бизнис Сценарио (Business Case). Oд суштинско значење e бизнис сценариото да се разработи детално и да добие формалното одобрување од високите владини или политички власти пред ЈПП проектот да се објави со тендер.

Оваа анализа најчесто е детална вежба за чија внимателна изработка се потребни неколку месеци и често бара помош од надворешни експерти. Анализата треба да одговори на следниве прашања:

- потребата за природата на предложените инвестиции

- опции за инвестиции и зошто јавно-приватно партнерство е предложенo

- ризиците и последиците од проектот како јавно-приватно партнерство

- проценки на годишниот трошок и размислувања во однос на достапност

- времето и подготвеностa за набавка ЈПП

Како дел од Бизнис Сценариото приходот на јавниот партнер од проектот е прашање на кое треба внимателно да му се пристапи.

14.

Повеќето ЈПП проекти бараат ниво на технички, финансиски и правна експертиза која не е достапна преку луѓето кои што работат во државните институции. Затоа, како што е наведено во EPEC водичот, важно е да се привлечат експерти од различни области на експертиза, кои може да обезбедат насоки и информации кои би им помогнале на информираните тела во донесувањето понатамошни одлуки (консултантите често ја имаат предноста во однос на искуство со слични проекти и околности и може да им помогнат на клиентите да избегнат стапици). Тие исто така даваат независни совети, земајќи ги во предвид перспективите и на јавниот и на приватнот партнер.

Ова е од големо значење во ситуација кога се поставуваат остварливи цели, кога се подготвува барање за предлог, кога се извршуваат преговорите за договорот и кога се решава спор. Она што е можеби најзначајно е дека консултантот обезбедува експертиза која е неопходна за да се постигне еднаквост на полето за дискусии и преговори со предлагачите кои на тој начин ќе добијат софистицирана и високо квалификувана помош.

15.

Според EPEC водичот за ЈПП, проектите за Јавно Приватно Партнерство можеме да ги поделиме во пет различни групи на модели:

1) Јавен ДИО (Дизајн, Изведба, Операција)

Јавниот ДИО модел вклучува Управен орган кој работи без било каква интервенција од страна на приватниот сектор, освен на ниво на давање на услуги (вклучувајќи или давање услуги на големо или давање услуги на мало). Сите аспекти во однос на поставувањето и оперирањето со мрежата се управувани од страна на јавниот сектор. Компанија за управување со мрежата е формирана од страна на Управниот орган и најчесто нуди големопродажни услуги, со потенцијал во иднина да понуди услуги на мало (иако ова не е честа појава).


2) Приватен ДИО

Приватниот модел за дизајн, изградба и операција вклучува организација од приватниот сектор која добива одредено ниво на јавно финансирање (најчесто грант) за да им помогне во поставувањето на нова мрежа нудејќи отворен големопродажен пристап. Критично е тоа што во овој модел на ЈПП јавниот сектор нема посебна улога во сопственоста или водењето на мрежата, но тоа може да наметне како обврска во замена за финансирање.

3) GOCO модел (Во Државна Сопственост, Управуван од Изведувач)Во Државна сопственост- Управуван од изведувач (Јавен аутсорсинг).

Под  моделот на јавен аутсорсинг единствен договор се доделува на организација од приватниот сектор, кој ги опфаќа сите аспекти од дизајнот односно изградбата на мрежата. Клучна карактеристика на овој модел е дека мрежата е изградена и оперирана од страна на приватниот сектор, но јавниот сектор ја задржува сопственоста и има одредена контрола на делови од истата.

4) Заедничко вложување

Заедничкото вложување е било кој договор каде што сопственоста на мрежата е поделена помеѓу јавниот и приватниот сектор. Изградбата и оперативните функции кај овој модел најчесто се преземаат од страна на организацијата од приватниот сектор.

5) Bottom-up модел

Bottom-up моделот, или моделот на локална заедница, вклучува група на крајни корисници (составена од локалните жители и/или бизниси) кои се организираат во демократска организациска група (најчесто соработка) со заедничка сопственост која е способна за надгледување на договорот за изградба на нивна локална мрежа. Во овој модел многу веројатно е дека јавниот сектор нема никаква улога во сопственоста или управувањето на проектот, туку го префрла финансирањето на самата група за надгледување на инвестициониот проект. Со оглед на составот на локална група многу веројатно е дека секојдневното управување на мрежата ќе биде аутсорсирано на телекомуникациски оператор кој ја има потребната експертиза. Bottom-up финансираните проекти имаат тенденција да бидат од помал обем споредено со проектите кои користат други модели на финансирање.

16.

Конвенционална набавка

Институцијата во јавниот сектор подготвува детална спецификација која ги опишува потребните работи за да се реализираат потребните добра и услуги. Процесот потоа продолжува со објава на тендер, со цел да се добие најконкурентна цена за понудата. Откако ќе се додели договорот, клиентот (или неговиот застапник) одблиску го следи исполнувањето на работите што се изведуваат од страна на успешниот партнер со цел да се обезбеди усогласеност со спецификациите.

На тој начин клиентот ја презема одговорноста за дизајнирање и планирање на проектот, ги исполнува сите законски услови, ( како што се еколошките дозволи, одобренија за наследство, урбанистички барања за планирање, итн) и покрива некои од неочекуваните трошоци. Партнерот е одговорен за изградбата на работите во согласност со тендерската документација и со тое е одговорен само за прашањата опфатени во тендерската документација, или оние кои би можеле да бидат предвидени со истата.

Конвенционалната набавка се базира врз спецификацијата каде институцијата одлучува што треба да се направи со цел да се достави услугата, и презема целосна одговорност за сите работи поврзани со испораката на услугата.

ЈПП набавка

При оценување на проект преку процес на ЈПП од голема важност е да се дефинира посакуваната функционалност или резултатот за јавни набавки врз основа на спецификациите. Овде клиентот ја дефинира услугата која е потребна.  Овие прозводни спецификации потоа се вклучуваат во финансиски модел за да се овозможи споредба помеѓу двете форми на набавки: јавни и приватни. Кога ЈПП опцијата се претпочита, клиентот креира и остава одреден дизајн за фазите на работа кои се потребни за да се достави услугата до партнерите кои ќе бидат селектирани преку процесот на наддавање. Во некои околности, како резултат на политики или стратешки причини, врз дизајнираните барања партнерот нема да има целосно дискреционо право и во овие ситуации клиентот може да потенцира и бара некои инпути. Преферираниот пристап сепак дава сигурност дека проектите се водат значително од приватната страна и со тоа се осигура поголема вредност на парите инвестирани од Владата.

17.

Повеќе од јасно е дека јавниот сектор неможе да одговори на постојано растечката побарувачка за услуги доколку продолжи да работи сам, што покажува дека постои потреба да се побара подршка од другите сектори во општеството. Приходите на јавниот сектор најчесто не се доволни за да се покријат трошоците. Партнерствата може да обезбедат континуитет или подобро ниво на услуга по пониски/намалени трошоци. Со развивање на партнерство со субјектите од приватниот сектор, јавниот сектор може да го задржи квалитетот на услугите и покрај буџетските ограничувања.

Јавното приватно партнерство е една од најветувачките форми за таков вид на соработка. Овој систем се основа врз признавање дека и во јавниот и во приватниот сектор може да имаат корист од здружување на нивните финансиски средства, know-how, и експертиза со цел подобрување на испораката на основните услуги кон сите граѓани.

Ако правилно е дизајниран и имплементиран, ЈПП може да донесе вистински придобивки во поглед на помагање на владите за финансирање на инвестициите во инфраструктурата на поефикасен начин, притоа ослободувајќи ограничени ресурси кои ќе се распределат за трошење кај други национални приоритети.

Предности на ЈПП во конкурентна средина се сметаат:

- Да се одстрани одговорноста за финансирање на инвестициите од билансот на јавниот сектор;

- Да се воведе конкуренција;

- Да се донесат менаџерски практики и искуства од правниот сектор;

- Да се преструктуираат услугите во јавниот сектор со прифаќање на капиталот од приватниот сектор и практики;

- Да се постигне поголема ефикасност отколку со традиционалните методи за обезбедување јавни услуги;

18.

ЈПП (јавно приватно партнерство) се однесува на долгорочна, договорно регулирана соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор за ефикасно исполнување на јавните задачи со комбинирање на потребните ресурси (на пример, know-how, оперативни средства, капитал, персонал) на партнерите, и дистрибуција на постојаните проектни ризици соодветно според надлежноста на партнерите во проектот за управување со ризик која се спроведува со користење на условите утврдени со законот.

Постојат повеќе различни дефиниции за ЈПП достапни во целиот свет. Содржината и целите може да се разликуваат во зависност од специфичната позадина на земјата и интересот на индивидуалниот автор.

Дополнително, постојат четири главни карактеристики на ЈПП:

- Ефикасност постигната преку соодветна поделба на ризиците и одговорностите; јавниот сектор ги задржува главно независните задачи, а приватниот ги задржува оние за имплементирање;

- Животниот циклус и приватната инвестиција како суштински елементи на ЈПП иницијативата;

- Долгорочен договорен однос;

- Иновации, особено преку резултатот, нивоа на услуги и механизми на плаќање, како нови начини за да се објаснат услугите кои ќе бидат обезбедени.

Една од главните цели на ЈПП е да ги пренесе задачите и одговорноста за обезбедување на инфраструктурата на приватниот сектор, со цел да се добие ефикасност, трошочна стабилност, и финансиска сигурност.

19.

Економска анализа која се користи за да се споредат и оценат сите предности и недостатоци на економските претпријатија  или проекти преку анализа на сите трошоци и придобивки. Таа е важна за донесување правилна одлука и прилагодувања на проекти кои може да бидат потребни.

20.

Дигиталната Агенда за Европа има за цел да ја рестартира економијата во Европа и да им помогне на европските граѓани и бизниси да го добијат максимумот од дигиталната технологија. Таа е прва од седумте водечки иницијативи на Европа 2020, ЕУ стратегијата која е насочена да испорача паметен, одржлив и сеопфатен раст.

ДАЕ е достапна тука.

21.

Европски систем на национални и регионални сметки со кратенка ЕСА95 или понекогаш Агенција за вработување 1995, која собира споредливи, најнови и точни информации за структурата и развојот на економијата на земјите членки на ЕУ и нивните региони.

22.

Документ кој му помага на инвеститорот да се одлучи за инвестиција со одговарање на прашањето дали одреден проект е исплатлив во однос на пазарната и финансиската ситуација. Доколку студијата покаже дека проектот е изводлив, таа станува основа за изготвување на план за имплементација, односно оперативен проект. Физибилити студијата се состои од анализа на пазарот, технолошко-техничка анализа, локациска анализа, организациска анализа, и анализа на економските и финансиските индикатори. Собраните информации потоа се користат за да се направи проценка на изводливоста и ефективноста, т.е. оправданоста за спроведување на одреден инвестициски проект.

23.

Овој термин значи “Долгорочна еволуција” – одобрен стандард за 4G широкопојасните мобилни мрежи кои користат радио бранови. “Долгорочна еволуција” беше развиена како долгорочна алтернатива на DSL, кабел, и други форми на жичен интернет.

24.

Нето Сегашна Вредност  (НСВ) претставува основен квантитативен концепт во финансии. НСВ ја претставува сегашната вредност на сите идни приходи во пари сведени на сегашна вредност на сите идни трошоци во пари, односно сегашна вредност на сите идни парични текови кои произлегуваат од работењето на претпријатието, од проект на организацијата, или од наменета трансакција.

25.

Претпријатие кое може да биде основано од страна на приватен партнер со цел склучување на договор за ЈПП и/или спроведување на проект за јавно-приватно партнерство.

26.

Услуги од општ економски интерес (Services of general economic interest –SGEI)  се економските активности кои јавните власти ги идентификуваат како активности од големо значење за граѓаните, и овие активности нема да бидат испорачани (или ќе бидат испорачани под други услови) доколку нема јавна интервенција. Пример за тоа се транспортните мрежи, поштенските услуги и социјалните услуги.

27.

518 од 821 милиони луѓе (покривајќи 63.2% од населението) користат интернет услуги во нивните секојдневни активности.

Контактирајте не

Skopje

Skopje

Center for Knowledge Management (FYROM)

Телефон:
(389) 70 60 60 60

E-mail:
andrijana.bd@knowledge-center.org

Контакт лице:
Andrijana Bogdanovska